Кои сме ние
ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО ЕУРОМАК БРОКЕР АД СКОПЈЕ започнува со вршење осигурително – брокерски работи од 2003. г.
Мисијата на друштвото е применувајќи ја осигурителната пракса и теорија на најхармоничен можен начин да обезбеди оптимална сигурност на нашиот налогодавец – осигуреник, клиент.
За нашиот клиент, правно-економски субјект, ова значи работење во мирна и деловна атмосфера за постигнување на целите на бизнисот, а за нашиот клиент, физичко лице, задоволување на личните осигурителни потреби од секаков вид, задолжително или доброволно осигурување.
Ние, за клиентот, креираме персонализирани осигурителни производи и ги пласираме кај друштвата за осигурување, спроведуваме анализа на ризиците, даваме консултации и помош при процесирање на оштетните барања.
Секогаш се фокусираме на проценка на ризикот. Ова го правиме секогаш посебно за секој наш клиент, и го правиме заеднички, со што го со сигурност го идентификуваме и управуваме ризикот.
Ние соработуваме со сите друштва за осигурување од државата, како и со друштва за осигурување и реосигурување, надвор од државата. За осигурителните друштва, по потреба, обезбедуваме реосигурителен пласман на европскиот и американскиот реосигурителен пазар.
За меѓународните инвеститори, ги применуваме законските регулативи за програмите за корпоративно осигурување; мастер програми и секогаш сме подготвени да поддржуваме со самостојни производи и локални политики, обезбедувајќи ги и најдобро оценетите реосигурителни компании на европскиот и светскиот пазар за реосигурување.
ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО „ЕУРОМАК БРОКЕР“ АД - СКОПЈЕ е правно лице, акционерско друштво, со седиште на ул. „Киро Гавриловски“ бр. 7 – 1/1, Скопје, Република Македонија, во срцето на деловната зона „Мал РИНГ“ кај „Плоштад Македонија“.






