Награда „КРЕАТОРИ ЗА ВЕК“
Во својата јубилејна 20-та година од постоење и деловна активност, Еуромак Брокер АД е добитник на престижниот “Креатори за вековите” награда за 2022/2023 година, од страна на Светскиот регионален конгрес на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа, на годишниот собир од 09. – 11 декември, 2023 година, во Дубровник, Хрватска. Изборот на добитниците на ова големо признание го вршат еминентни професионалци од областа на економијата, финансискиот сектор, медиумите од 9 земји во консултација со бизнисите, институционалните, академските и социјалните чинители во земјите од каде што доаѓаат кандидатите, односно лауреатите.
“Креатори за вековите” е награда чија мисија и цел, како што е наведено во официјалното соопштение на организаторот, се: “Оддавање јавна почит на најзаслужните личности, организации и институции за нивниот придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа, како и насочување на вниманието на пошироката јавност кон големите визионери и лидери на утрешницата, чија храброст, работа, знаење, креативност и врвни резултати се основата и главниот двигател на напредокот на заедницата во која живееме и кои се исто така креатори на развојот и предизвиците за новата ера”.
“Исклучително признание кое дава дополнително суштинско значење на работењето на компанијата, признание за посветеноста, професионалноста на секој вработен сега и во минатото кој го инвестирал неговиот професионален интегритет во развојот на компанијата, едукација на клиентите за вредностите на осигурувањето и во спроведувањето на меѓународните деловни стандарди во преоден период на транзиција на регионалните економии кон слободна економија. Убав поттик за сите нас и мотивација да се обидеме да оставиме значајни траги и деловно наследство во следните години ” – изјави Драган Лазарески, извршен директор и основач на осигурително брокерско друштво Еуромак Брокер АД Скопје.



