ПОСРЕДУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Нудиме широк асортиман на модели на осигурување и реосигурување достапни на македонскиот и меѓународниот осигурителен пазар - заштедете од вашето време и препуштете им се на професионалци.
Ќе соработуваме со вас за да ги идентификуваме ризиците што треба да се ублажат и спречат, а потоа ќе преговараме за цената и условите на осигурителното покритие додека не го изберете моделот најсоодветен за вас.
Нашето знаење и експертиза ви даваат на вас предност во преговорите со осигурителните компании. Имаме долгогодишно професионално искуство со осигурителните компании. За ваш бенефит.
Со цел нашите клиенти да бидат добро информирани и во согласност со законите, особено се грижиме да укажеме на претстојните регулаторни промени.






